Animated slide-shows

Обуката започна со разгледување на Windows Live Movie Maker - едноставен, лесен за користење видео едитор, кој овозможува креирање на интересни презентации или видео записи во неколку едноставни чекори комбинирајќи слики, видео, аудио и специјални ефекти. Особено се потенцираше неговата употреба во образовни цели: креирање на финален продукт од проект, опишување на целиот процес на реализација на проект, креирање на видео запис од дадена активност и сл. Дел од учесниците ја имаа користено апликацијата па ги презентираа нивните искуства. Инсталацијата на Windows Live Movie Maker може да ја извршите преку следниот линк доколку користите Windows Vista или Windows 7, а доколку користите Windows XP тогаш го симнувате Windows Movie Maker на следниот линк.

Практичната употреба на Windows Live Movie Maker започна со креирање на анимирана презентација од секој од учесниците за градот од кој доаѓа, која би се состоела од 5-10 слики. За време на работата интерактивно беа надминувани некои потешкотии, беа одговарани прашања и се усовршуваше работата со апликацијата.


Совет: За полесна организација на сликите може да се искористи Picasa. Picasa е софтвер кој овозможува на еден лесен и интересен начин да се разгледуваат, органиизираат, уредуваат и споделуваат дигитални фотографии. Може да се користи на компјутер, но може да ја користите и online. Треба да имате само google account и да се најавите на следниот линк. Доколку сакате да ја инсталирате програмата на вашиот компјутер тоа може лесно да го направите преку следниот линк.


Една од главните придобивки од ваква обука е споделување на искуства и идеи. Едукативната примена на апликацијата беше тема на дискусија меѓу сите учесници. Потоа обучувачот ни даде и уште еден пример за користење на Movie Maker во наставата. Имено краток видео запис кој би се користел за во настава би можел да биде прекинуван на неколку пати при што на учениците би им се поставувале прашања и потоа би се продолжувало видеото, со што учениците би биле активно вклучени во дискусија за самото видео, а наставникот не би имал потреба постојано да внимава кога треба да се притисне Pause.

Јас и мојата колешка Ulla искористивме краток видео запис за Малта, кој го симнавме од youtube, и во него вметнавме неколку прекини со прашања за оние кои би го гледале видеото. Погледнете за што станува збор.


Совет: За полесно симнување на видео записи од Интернет, може да користете една од безбројните апликации кои се нудат. Ние ви препорачуваме да ја преземете бесплатната аTube Catcher и да ја инсталирате на вашиот компјутер. Работи брзо и навистина ефикасно. Изберете било кој видео фајл од Интерент, одредете го излезниот тип на датотеката и готово! Можете да ја преземете од следниот линк: http://atube-catcher.dsnetwb.com/video/

No comments:

Post a Comment