Interactive maze


Online interactive maze или во буквален превод интерактивни загатки на Интернет. Првобитно на обуката беше планирано да се работи со Quandary, апликација за креирање на веб базирани тестови. Во овие тестови на корисникот му се презентира ситуација и неколку опции за избор: после извршеnиот избор корисникот се соочува со нова ситуација и повторно со низа од опции. Затоа и ова користење наликува на движење низ лавиринт и од таму доаѓа зборот "action maze". 

Quandary е навистина интересна апликација, а нуди и голем број на примери за интерактивни тестови. Нив може да ги разгледате на самиот сајт а може и да ја симнете апликацијата на својот компјутер на следниот линк.
Истражувавме малку, гледавме најразлични примери за креирани тестови, може тоа да го направите и вие. Уште на почетокот ни го привлече вниманието тестот (кој многу повеќе наликуваше на игра) за Малта и проверка на познавањето на англискиот јазик.


После разгледувањето на голем број на примери креирани во оваа апликација, ни беше презентирано нејзиното работење, но не ја користевме истата туку преминавме на користење на Hot Potatoes. Имено, Quandary работи само на Windows а голем дел од учесниците работеа на Mac. Затоа беше договорено сите заедно да го истражуваме сетот од апликации Hot Potatoes (кој воедно е многу сличен на Quandary и ја има истата намена).

Hot Potatoes е пакет од шест апликации кои овозможуваат креирање на интерактивни тестови со повеќечлен избор, со кратки одговори, реченици со помешан редослед на зборови кои треба да се подредат, крстозбори, поврзување и со пополнување на празни места. Hot Potatoes е бесплатен софтвер кој може да го преземете на следниот линк.
Откако ќе се инсталира апликацијата на компјутерот при нејзино стартување се појавува следниот прозорец:


JCloze - Апликација за креирање на квизови составени од прашања со кратки одговори, во кои треба да се пополнат празните места. Дополнително може да се зададат опции од кои корисникот може да го избере точниот одговор, па дури и да му се даде асоцијација за точниот одговор. На крајот автоматски се собираат добиените поени од тестот.

JMatch - Апликација за креирање на тестови со поврзување. Може и да се поставуваат слики и истите да се поврзуваат со текстови. Интересна за примена во сите предмети.


JMix - Апликација која овозможува создавање на реченици со помешан редослед на зборовите кои потоа треба да се подредат. Има можност за креирање и на алтернативни реченици. Одлична е кога учениците треба да го вежбаат редоследот на зборовите во реченицата (при изучување на странски јазик).

JCross - Апликација за креирање на крстозбори.

JQuiz - Апликација за креирање на тестови со повеќечлен избор. Притоа може да се зададе тестот така што тој ќе има само еден точен одговор, но може да има и повеќе точни одговори. Можеби најактуелна во моментот доколку се земе во предвид екстерното оценување.


The Masher - Апликација за креирање на тестови кои би биле комбинација од претходно објаснетите типови на тестови. Имено може да се креираат тестови со претходните апликации и потоа истите да се искомбинираат во еден тест.

Креираните тестови може да се реализираат на компјутер без Интернет конекција, но и директно на Интернет при што треба да се прикачат на страната на Hot Potatoes. Тестовите може да ги прикачите и на вашиот блог, вики или веб сајт.

Се надевам ова беше доволно да го поттикне интересот за Hot Potatoes и дека наскоро голем дел од вас ќе го инсталираат пакетот на својот компјутер и ќе го користат во наставата.

Совет: Креирање на загатки може да извршите и Online користејќи го сајтот на puzzlemaker.com.

No comments:

Post a Comment