ETI Malta


Институција - домаќин на обуката беше ETI Malta.
ETI Malta е специјализирано училиште за изучување на англискиот јазик за возрасни и професионалци, во соработка со Велика Британија.
Исто така ETI Malta реализира и голем број на обуки за наставници со цел нивен професионален развој во текот на годината.
Повеќе за ETI Malta може да видете на нивниот сајт.

На обуката присуствуваа единаесет учесници, претставници од различни држави од Европа: Македонија, Полска, Унгарија, Финска, Ирска, Англија, Шведска, Франција, Грција. Лица вработени во образовни институции, сите со единствена цел: употреба на ИКТ во наставата за подигање на нејзиниот квалитет. Прекрасни луѓе, прекрасни колеги, нови пријателства и отвореност за понатамошна соработка.



Првиот ден од обуката не пречекаа прекрасните вработени, секогаш со насмеани лица и подготвени да им помогнат на луѓето дојдени од најразлични страни на светот. Професионални, прецизни, а во исто време непосредни. Прв впечаток за обучувачот - одличен професионалец, секогаш подготвена да го сподели своето знаење со нас и да ни овозможи заеднички да ја пронајдеме врската меѓу web 2.0 алатките и образованието, односно преку размена на идеи и искуства да придонесеме за подобрување на образованието (користејќи ИКТ) во нашите држави.

No comments:

Post a Comment