CMC

CMC (Computer mediated communication) - компјутерски посредувана комуникација е било која комуникација која се остварува помеѓу компјутери поврзани во мрежа. Воглавно се фокусира на социјалниот ефект од поврзување на различни технологии. Популарните облици на компјутерски посредуваната комуникација ги вклучуваат е-пошта, видео, аудио или текстуален чет итн. Компјутерски посредуваната комуникација може да биде поделена на синхронизирани и несинхронизирани облици. Во синхронизираната комуникација сите учесници се online во исто време, додека несинхронизираната комуникација се случува во безвременско ограничување.

На обуката посебно внимание посветивме на креирање на сопствена "chat room", односно креирање на место за несинхронизирана комуникација. Ова може да се постави на блог, на вики, веб сајт и сл., а учениците може да поставуваат прашања, да даваат одговори на поставени прашања или да оставаат коментари итн. Начин за олеснување на комуникацијата со учениците.

Совет: Корисна онлине алатка за креирање на сопствена "chat room" е tag-borad. Може да и пристапите на следниот линк: http://www.tag-board.org/signup.php. Постапката за креирање е едноставна, само се прават одредени подесувања на големината и интерфејсот на таблата за комуникација. Многу едноставно!


Совет: Доколку URL адресата која сте ја добиле за вашата chat room или за било која креирана страна ви изгледа премногу долга, истата може да ја скратите користејќи го страната shorturl.com

No comments:

Post a Comment