Google Earth


Google Earth e програм кој овозможува 3D виртуелен приказ на Земјината површина исто така и на вселената, a од верзијата 5.0 и на морето. Приказот е создаден од многу различни сателитски слики, кои се дополнително споени во една содржина. Скоро секој дел од Земјината топка може да се зумира и да се откријат и најмалите детали. На моите колеги им го покажав Скопје, неговите знаменитости, но и местоположбата на моето училиште.



Со Google Earth можат да се прегледуваат градови како и природни знаменитости (некои со поголема видливост при зумирање, а други со замагленост). Јас го разгледав местото од кое што доаѓаше колешката Ulla, Inari во Финска. Интересно беше да се прошета низ него со опцијата Street View.




Google Maps претставуваат бесплатни дигитални интернет мапи кои овозможуваат голем број на сервиси и услуги, од прегледување на сателитски снимки, планирање на патување, локатори на барани места итн. Една од најчесто користените алатки за време на престојот на Малта. Сите се согласивме дека без овие апликации ќе бевме многу посиромашни со информации за земјата домаќин а и многу потешко ќе се снаоѓавме во неа!




Virtual Travel е извонреден начин за да се посетат некои места и знаменитости притоа седејќи си дома. Денес постојат голем број на сајтови кои го овозможуваат тоа. Потребно е само да се напише virtual travel +______ ( ______ го претставува местото кое сакаме да го посетиме). На пример само со впишување на virtual travel +Malta се отвараат безброј интернет страни кои нудат виртуелни прошетки по Малта. Еве само една од нив. Истражете сами, навистина има прекрасни места.


Едукативната вредност на овие апликации е огромна, и секако го надминува користењето само во наставата по географија, каде е очигледно. Може да го употребите за учениците да извршуваат најразлични пребарувања, како основа за одредени домашни задачи, за креирање на слики и мапи кои потоа може да се искористат во други апликации, за извршување на најразлични пресметки поврзани со оддеалеченоста на некои места и сл. Најважно од се е што ќе го привлечете интересот на учениците и истите ќе земат активно учество на часот.



No comments:

Post a Comment