Avatar

Аватар е персонализиран графички фајл кој го претставува компјутерскиот корисник. Најпросто кажано, слика која го заменува вистинскиот лик на корисникот. Постојат два типа на аватари: оние кои се користат при работа на вебсајтови и оние кои се користат во игрите и виртуелните светови.

Наједноставен тип на аватар е мал графички фајл кој се користи на веб сајтовите. Веб сајтовите кои користат табли за разговор често пати им дозволуваат на членовите да постават слика која ќе ги претставува нив. Тоа може да биде слика со нивниот вистински лик, но најчесто тоа е измислен лик кој само е претставник на корисникот. Понекогаш самите веб сајтови нудат разни аватари од кои корисниците може да изберат. Оваа слика најчесто се појавува со името на корисникот и на тој начин го идентификува истиот.

Voki е апликација која дозволува креирање на личен аватар кој потоа може да се користи на блог, вики или веб сајт. Оваа бесплатна web 2.0 алатка е одличен начин за да ги мотивира учениците за учество на часот. Ова особено може да се однесува на часовите каде е потребно да се подобрат вештините за зборување и слушање на странски јазик на еден поиновативен начин. Еве едно кратко видео кое ја презентира употребата на Voki во наставата.


Користењето на оваа бесплатна алатка е многу едноставно. Само треба да се логирате на следниот линк и ќе може да започнете со нејзино користење.


После логирањето добивате можност да креирате сопствен аватар и истиот да го уредувате според потребите. Може да додадете текст или да снимите аудио запис и тоа да биде текстот кој ќе го изговара вашиот аватар. Истиот може да го поставите на блог, вики или веб сајт.


Сепак главната цел е да се искористи во настава, нели? За таа цел ги користиме деловите Learn и Lesson plan.


Во првиот се нуди можност за креирање на воки училница во која сите може да комуницирате преку вашите аватари и на тој начин да ја реализирате наставата при што се она што треба да се каже ќе може и да се сними и со тоа да се заштеди време на часот. А вториот нуди планови на наставни часови по разни предмети со користење на воки училница. Интересно, зар не? Логирајте се и истражувајте!

No comments:

Post a Comment