Sharing files

Dropbox

Dropbox е бесплатен сервис кој ви овозможува да ги имате вашите фотографии, документи, видео насекаде. Ги поставувате во оваа „кутија“ на Интернет и може да ги користите секаде каде што имате пристап до Интернет. Значи може да започнете да работите на некој документ на работа, ако го зачувате во Dropbox, од дома може да продолжите со негово користење. Како надворешен диск кој нe мора да го носите со себе, постојано е достапен online.

Dropbox ви овозможува на многу едноставен начин да споделувате со другите, без разлика дали сте ученик, наставник или родител. Само ги поканувате пријателите, фамилијата, колегите до некој фолдер во вашиот Dropbox  и тоа ќе биде исто како да сте го снимиле фолдерот директно на нивниот компјутер. Може да им праќате и линкови до некои фајлови во Dropbox. Ова го прави Dropbox одличен за тимска работа, споделување на фотографии или заедничко креирање аудио или видео записи.

Како да ја добиете оваа извонредна алатка???
Само логирајте се на сајтот на Dropbox на следниот линк и веднаш имате пристап до сите ваши фајлови и фолдери кои сте ги поставиле во Dropbox. Истиот може да го инсталирате на вашиот компјутер. Dropbox-от кој е симнат на компјутер континуирано се синхронизира со истиот на Интернет.



Може да се додаваат нови фолдери, истите да се споделуваат, да се додаваат нови фајлови и слично. Интересно, лесно и корисно. Јас веќе го користам, обидете се и вие!


Google Drive

Google Drive е сервис за чување на фајлови и синхронизација на истите. Сето она што претходно е спомнато за Dropbox важи и за Google Drive. 
За да започнете со користење само најавете се со вашата gmail сметка на следниот линк.


Само би можеле да додадеме дека Google Drive е сега „домаќин“ на Google Docs, пакет кој овозможува колаборативно online уредување на документи, табеларни пресметки, презентации, и уште многу други работи. 

Оваа карактеристика го прави супериорен во однос на Dropbox, но секако и можноста за складирање на 5GB (Dropbox има капацитет од само 2GB)











No comments:

Post a Comment