Webquest

WebQuest е активност на часот ориентирана кон истражување во која една или сите информации до кои доаѓа ученикот се од извори од Интернет.

Составни делови на webquest:
- Вовед - се задава автентичен проблем поврзан со реалниот живот со цел да го побуди интересот и мотивацијата на учениците
- Задача - опис на тоа што ученикот треба да направи, може да биде продукт или вербална презентација
- Процес - јасно опишани чекори кои треба да се завршат за да се добие крајниот продукт
- Ресурси - листа на веб страници дадена од наставникот која на учениците ќе им помогне да ја завршат задачата, може да вклучи и ресурси кои не се на Интернет
- Евалуација - разни инструменти за оценување зададени од наставникот (најчесто аналитички или холистички листи)
- Заклучок - им кажува на учениците што научиле и ги поттикнува да го применат своето знаење во други области


Зошто webquest:

- Ја зголемува мотивацијата на учениците;
- Бара повисоко ниво на размислување како синтеза, анализа, решавање на проблеми, креативност и евалуација;
- Поттикнува на соработка:
- Користи Интернет ресурси;
- Ги поттикнува учениците на вреднување на содржината на веб ресурсите и нивно користење, не е само правење на презентација;

Голем број страни на Интернет нудат примери на webquest во наставата по дадени предмети.
Може да го разгледате webquest.org


Нуди можност на креирање, споделување, пребарување на разни готови webquest активности и уште многу други корисни линкови. Нуди можност и линкови за пристап и до други страни со примери на webquest во различни предмети. Разгледајте!

Јас најдов неколку интересни примери за информатика. Еве еден пример за Безбедно на Интернет. Разгледајте и вие.


Може да ги погледнете и следните линкови:

No comments:

Post a Comment