Blog

Работата со блогови беше една од носечките теми на обуката, но се покажа и како најинтересна за најголемиот дел од учесниците. На крајот од обуката сите учесници се изјаснија дека имаат намера да ги користат во образовниот процес бидејќи се убедени во нивната едукативна вредност.

Што е блог?

Блог е online дневник кој корисниците може постојано да го update-уваат по сопствен избор. Со блог може да работи секој без притоа да има познавања од HTML јазикот за креирање на веб страни. Блогот се состои од повеќе написи на одредени теми. Написите на блогот автоматски се организираат така да последниот внесен запис е секогаш прв. Може да се прикачуваат текстови, слики, аудио, видео, но и хиперврски до други ресурси. Една од најважните карактеристики е тоа што коментарите се публикуваат веднаш после написот, со што блогот се претвора во еден простор за дебата во која авторот на блогот иницира конверзација. Може да го погледнете и краткиот видео запис за тоа што претставуваат блоговите.




Примена во образованието
Блогот може да се користи на најразлични начини и во образованието. Може да се користи како еден вид на електронско портфолио, прикажувајќи го развојот на учениците во даден временски период. Со помош на блоговите учениците можат да го документираат нивното постигање, да ги запишуваат нивните рефлексии на дадени содржини без временски и просторни ограничувања, да го прошируваат своето знаење, истовремено задоволувајќи ги своите потреби и интереси.
Блоговите се корисна алатка за учење и поучување бидејќи обезбедуваат простор каде учениците можат да се навратат на својата работа, рефлексивно да размислуваат и да ги публикуваат своите размислувања и сфаќања. Бидејќи на нив може да се коментира, тие нудат можност за повратна информација и пристап до нови идеи. Блогот овозможува двонасочна комуникација. Добиената повратна информација овозможува поквалитетно дијагностицирање на потешкотиите на кои наидува ученикот во процесот на учење, причините за тоа, создава услови за заедничко усогласено насочување и подобрување на понатамошното учење, помага за диманичко приспособување на поучувањето согласно потребите на ученикот.

Неколку години ја практикував работата со блогови во наставата. Имам изготвено и два труда на оваа тема: Kористењена веб дневници за насочување на процесот на учење и Blogs as atool for reflection and self-evaluation of learning process, во кои подетално може да погледнете за истражувањето и придобивките од користењето на блоговите во образовниот процес.

Платформа за креирање на блогови користена нa обуката е www.blogger.com
Доколку досега не сте користеле блогови може да почнете сега, креирате корисничко име, избирате адреса за блогот и почнувате со работа. Многу лесен интерфејст кој веднаш ќе ги придобие вашите симпатии. Можностите кои ги нуди се огромни а е лесен за работа. Тоа е и причината зошто презентацијата на содржините од обуката ја направив на блог, хахаха.
Гледате како е структуриран, личи на веб сајт, блогот може да се состои од повеќе страници, а на првата (почетната) може да додавате и повеќе написи. Може да додавате слики, видео, аудио, различни додатоци за подобар изглед и сл., да ја уредувате структурата, како и дизајнот на блогот според вашите желби.

Овде може да погледнете кратко упатство за креирање на блог, а понатаму истражувајте сами и прилагодете го на вашите потреби.


No comments:

Post a Comment