Wiki

Вики (wiki) е мрежно место (веб страна) кое им овозможува на корисниците лесно да додаваат, отстрануваат или уредуваат содржини, понекогаш без потреба од регистрирање. Едноставноста во користењето и интеракцијата го прави викито ефективна алатка за колаборативно креирање содржини. 
Вики може да се уредува без познавање на HTML. Има систем за следење на промените со зачувување на претходните верзии, кои може да бидат вратени. Еден систем врз база на вики може да содржи различни алатки, направени да овозможат на корисниците постојано следење на промените како и да дискутираат за истите. Еден од најзначајните примери за вики е wikipedia.
Може да го погледнете краткото видео со објаснување за вики (на македонски јазик)




Сличности меѓу блог и вики:
  • Се креираат онлине директно во разгледувач
  • Едноставни за користење
  • Нема потреба од познавање на HTML
  • Може да содржат мултимедија
  • Може да содржат хиперврски до други страни
  • Оние кои ги читаат може да оставаат коментари


Blog vs Wiki

Блог                                                                       Вики
Обично еден автор                                              Повеќе автори
Реверзибилна хронолошка структура                Структурата е детерминирана од содржината
Обично лична перспектива                                Обично објективна
Надворешни врски                                               Надворешни и внатрешни врски
Читателите не може да уредуваат                     Читателите кои имаат дозвола може да уредуваат          


За креирање на вики може да искористите еден од следните сајтови:
http://www.wikispaces.com/ - wikis for everyone
http://pbworks.com/ - online collaboration

Совет: Искористете вики доколку сакате повеќе луѓе да може да ја уредуваат страната (пример вие и вашите ученици). Може да поставувате содржини, задачи за ученици, тестови, а учениците исто може да поставуваат свои изработки, да решаваат тестови, а и да оставаат свои коментари. Добивате место во кое може да имате „приватна училница“ која заеднички ја креирате и уредувате.





No comments:

Post a Comment