Lino

Lino е веб базиран сервис за оставање на белешки. Овој сервис обезбедува еден вид на „canvas“ - платно на кое се поставуваат разни белешки а потоа може и да се манипулира со нив. Lino може да се користи за организирање активности, поставување аудио и видео записи, размена на идеи со ученици или колеги итн. Може и да се ставаат слики на платното и да се креира споделена галерија со слики со ученици, пријатели, роднини и сл. Навистина интересен начин за да се организираат разни белешки, потсетници, па дури и слики. Погледнете:


Користењето на Lino е навистина лесно. Се логирате на почетната страна на следниот линк. Веднаш се појавува платното и само си лепите белешки (кои ги земате од десниот горен агол)  и може да додавате слики, видео и разни фајлови. Платното може да го уредувате сами или  како член на група, на пример вие и вашите ученици. Може да направите подесувања и да одредите кој се може да остава белешки на вашата табла. Погледнете и пробајте навистина е лесно! 



Погледнете една веќе креирана табла на која секој од вас може да остави белешка:

No comments:

Post a Comment