RSS Feed

Web feed е формат на податоци кој се користи за да им овозможи на корисниците пристап до често обновувани содржини на Интернет. Имено интернет страните кои често се ажурираат нудат web feed и им овозможуваат на корисниците да се претплатат на нив. Секогаш кога нешто ново ќе биде поставено на таа страница истите новости се прикажуваат и кај корисникот (најчесто се прикажува сумиран дел наместо целата содржина). Обично преку вакви web feed-ови се пренесуваат разни содржини од страните, линкови или различни видови на дигитални медиуми.


RSS feed спаѓа во web feed кој се користи за објавување на често ажурирани страни како написи во блогови, написи во весници, аудио и видео. RSS feed-овите може да се читаат со користење на софтвер т.н. агрегатор или RSS reader, кој може да биде веб базиран, десктоп базиран или базиран на мобилен уред. Корисникот се претплатува на некој канал (feed) преку внесување во агрегаторот на URL адресата на каналот или со кликање на иконата за канал во прелистувачот, со што го започнува процесот на претплата. Агрегаторот редовно ги проверува каналите на кои се претплатил корисникот, ги симнува сите ажурирања кои ќе ги пронајде и му овозможува на корисникот да ги разгледува. На тој начин корисникот не мора да ги проверува рачно сите сајтови за кои е заинтересиран, туку само се претплатува за нив и ги добива информациите. 

Google Reader е веб базиран агрегатор. Во следното видео е објаснет принципот на неговото функционирање. Сигурна сум дека нема да имате потешкотии при негово користење иако видеото е на англиски јазик.

No comments:

Post a Comment